САД одобриja „итна“ продажба на 14.000 гранати на Израел

Американската влада одобри „итна“ продажба, без да мине во Конгресот, на речиси 14.000 тенковски гранати на Израел за употреба во војната против Хамас во палестинската енклава Појасот Газа.

Стејт департментот го извести Конгресот во петокот барајќи „итно“ одобрение да му продаде 13.981 гранати од 120 милиметри на својот сојузник Израел за опремување на главните борбени тенкови „Меркава“ вклучени во офанзивата на палестинска територија.

Оваа воена опрема е вредна 106,5 милиони долари.

„Државниот секретар Антони Блинкен утврди и детално му објасни на Конгресот дека постои итност веднаш да се продаде оваа опрема на израелската влада без парламентарна ревизија што се бара со законодавството за контрола на извозот на оружје“, соопшти Стејт департментот.