![severna koreja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/severna-koreja.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
САД тивко ја одржуваат директната дипломатска врска со Северна Кореја, изјави во средата висок функционер на американскиот Стејт департмент, наспроти изјавите на претседателот Доналд Трамп дека таквите разговори се само губење на времето.
Користејќи го ткн „њујоршки канал“, американскиот преговарач со Северна Кореја, Џозеф Јун е во контакт со дипломатската мисија на Пјонганг во Обединетите нации, во моментите кога воинствените навреди меѓу челниците Донадл Трамп и Ким Џонг-ун ги поттикнаа стравувањата за можен воен судир, пренесува Reuters.
Додека американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на 17-ти октомври изјави дека ќе „продолжи со диплломатските напори се’ додека не падне првата бомба“, изјавата на неименуваниот функционер е досега најјасниот сигнал дека САД директно преговараат за разни прашња, а не само за ослободувањата на американските затвореници, и покрај оцените на претседателот Трамп дека преговорите со Пјгонгјан се целосно бесмислени.
Меѓутоа, нема сигнали дека оваа невидлива заднинска комуникација придонела за унапредување на односите нарушени со северникорејските нуклеарни и балистички тестирања, смртта на американскиот студен Ото Вармбиер само неколку дена по ослободувањето од затворот во Пјонгјанг во јуни годинава и затворените уште тројца Американци.
Во политичките кругови, исто така, се нагаѓа дека ангажманот на Јун околу Северна Кореја е намален, но функционерот од Стејт департментот тоа го негира.
„Воопшто нема ограничување на неговата работа, ниту во зачестеноста, ниту во содржината“, рекол функционерот.
Во Пекинг портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи поддржа каков и да е дијалог меѓу САД и Северна Кореја. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, постојано ги повикува членките на ОН целосно и транспарентно да ги применуваат санкциите против Пјонгјанг којшто станал глобална закана, како што оцени.
Северна Кореја годинава изведе шест нуклеарни проби и тестираше голем број балистички проектили, меѓу нив и интерконтинентални балистички проектил, кој доколку биде унапреден, би можел да понесе нукеларна боева глава и да погоди цели во континенталниот дел на САД.
Јун, меѓу другото, на своите соговорници им дал на занење дека Северна Кореја мора „да престане со тестирањето на нуклеарните бомби и проектилите“, додал функционерот.