САД отвораат конзулат во Западна Сахара

Администрацијата на САД го започна процесот на отворање на конзулат во спорниот регион Западна Сахара, објави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Со задоволство го најавувам почетокот на основањето на американски конзулат во Западна Сахара“, напиша на Twitter шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.

Вашингтон неодамна го призна суверенитетот на Мароко над овој регион, спротивно од неколку децении долгата политика на САД да се ги реализира веќе донесените решенија за ова прашање.

Американското признавање беше дел од догвоорт за нормализација на дипломатските односи меѓу Мароко и Израел. Во соопштението на Белата куќа тогаш беше истакнато дека претседателот Доналд Трамп на мароканскиот крал Мохамед Шести му ја повторил поддршката за предлогот за автономија на областа Западна Сахара како единственото долготрајно решение.

Мароко ја зазема Западна Сахара во 1975 година, откако Шпанија се повлече од оваа територија, но во четвртокот предизвика реакции во Мадрид со изјавите во Рабат кои се однесуваат на двата града шпански енклави на мароканска територија. Инаку Мароко за превласт во Западна Сахара повеќе децении е во судир со Фронтот Полисарио кој го поддржува Алжир и кој сака независна држава на таа територија.