САД планираат евакуација на персоналот од амбасадата во Украина

Абасадата на САД во Киев побарала од Стејт департментот да дозволи целиот суштински непотребен персонал и нивните семејства да заминат, а Вашингтон најверојатно ќе ја започне евакуацијата следната седмица, објави американската телевизија CNN повикувајќи се на свои извори.

Претходно агенцијата Bloomberg објави дека Соединетите држави размислуваат за евакуирање на членовите на семејствата на американските дипломати во Украина поради ескалација на ситауцијата во регионот.

„Амбасадата на САД во Киев денеска побара од Стејт департментот да дозволи персоналот кој не е суштински потребен и нивните семејства да ја напуштат амбасадата. САД ја имформирале Украина дека ‘најверојатно евакуацијата ќе започне следната седмица“, јавил дописникот на мрежата.

Според CNN, кој се повикува на извор близок на украинската влада, украинскиот претседател Владимир Зеленски за ова прашање разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и притоа забележал дека евакуациајта би била „претерана реакција“.

Русија постојано ги отфрла обвинувањета од Западот и Украина дека наводно подготвува инвазија врз соседната земја која е амбицирана да стане членка на НАТО пактот што Москва го смета за „црвена линија“ за нејзината безбедност и предупредува дека таквите чекори ги загрозуваат стабилноста и мирот во Европа. Русија, исто така, порача дека нема намера да нападне ниедна друга земја, како и дека изјавите за „руска агресија“ се користат како изговор за трупањето стратешко оружје и единици на НАТО во близина на руските граници. Руското министерство за надворешни работи претходно во саботата истакна дека изјавите на Западот за „руска инвазија“ и можноста да му помогнат на Киев да се одбрани од неа се „смешни и опасни“.

Истовремено, Киев и западните земји од неодамна изразуваат загриженост за трупање руски единици и зголемување на „агресивните чекори“ од страна на Русија во близина на украинската граница. Москва, исто така, повеќепати одговараше дека разместувањето на нејзините единици на нејзината територија е суверено право, и истакна дека тоа е одговор на трупањето оружје и војски на другата страна од границата.