Американскиот претседател Доналд Трамп планира да повлече повеќе од 5.000 од 14.000 американски војници колку што се распоредени во Аванистан, изјавил висок американски функционер во четвртокот, додавајќи дека претседателот го губи трпението со најдолгата американска воена интервенција во историјата.
Претседателот Доналд Трамп во средата ги одби советите на своите соработници и одлучи да ги повлече сите американски војници од Сирија, одлука којашто ги изненади американските сојузници и по којашто министерот за одбрана Џим Матис ненадејно да поднесе оставка во четвртокот зборувајќи за несогласувања со претседателот кој најави негово скорешно пензионирање.
Американски висок функционер, кој сакал да остане анонимен, рекол дека се донесени одлуки и издадени се команди за почеток на планираното повлекување, пренесува Reuters. Функционерот додал дека распоредот е во изработка, но дека повлекувањето може да биде изведено за неколку седмици или месеци.
Малку подоцна весникот The New York Times, повикувајќи се на двајца неименувани одбранбени функционери, објави дека бројката на американски војници кои може да бидат повлечени од Авганистан би можела да достигна 9.000 војници.
Критичарите на Трамп велда дека уште не е јасно како САД ќе ги исполнуваат своите задачи со помалку од 9.000 војници во Авганистан, вклучително и авганистанските безбедносни сили коишто ги советуваат на теренот, и извездуваат воздушни удари врз талибаните и другите милитантни групи. Наместо тоа, САД многу веројатно ќе го намалат своето воено влијание, што би можело да биде шанса за талибанитез да се проширан на целиот Авганистан, вела критичарите.
Матис, пак, зазговараше задржување на силна американска воена присутност во Авганистан за да се зајакнат дипломатските напори со талибаните кои ги имаат американски дипломати во обидот да се организираат мировни преговори со владата во Кабул. Челникот на Пентагон ја поднесе оставката кусо откако овој американски функционер рекочл дека е можно Трамп да нареди повлекување од Авганистан.
Планот за намалувањето на американските сили во Авганистан доаѓа само неколку дена откако во Обединетите Арапски Емирати се одржаа дводневнтие раговори мешу претставници на САД и на движењето Талибан. Залмај Кализад, специјалниот претставник на администрацијата на Трамп во Кабул по средбата потврди дека талибаните го условувале почетокот на преговорите со повлекување на странските трупи од земјата. Вашингтон, пак, барал уверување дека исламистичката милитантна групација ќе престане со нападите. Сепак, останува нејасно како новото планирано повлекување на американските војници би можело да влијае на преговорите со талибаните.
Состаникот во Абу Даби беше најновиот обид за дипломатски напори со цел да се стави крај на 17-годишната војна во Авганистан, која започна со американската инвазија во 2001 година, чија цел беше соборување на талибанската власт обвинета за поддршката на Ал Каеда по изведувањето на терористичките напади од 11-ти септември.