Во услови на зголемени тензии со Кина, САД планираат да распоредат до шест бомбардери „B-52“ коишто можат да носат нуклеарно оружје во воздухопловна база во северна Австралија.
Специјализирани објекти за бомбардерите ќе бидат изградени во оддалечената воздухопловна база Тиндал на околу 300 километри јужно од Дарвин, главниот град на австралиската Северна територија, велат извори на австралиската телевизиска мрежа ABC која прва извести за распоредување на бомбардерите повикувајќи се на американски документи.
Според теелвизијата(AUKUS), американското воено воздухопловство соопшти дека способноста на САД да распореди бомбардери со голем радиус на движење испраќа силна порака до потенцијалните противници за способноста на Вашингтон.
Минатата година, САД, Велика Британија и Австралија склучија безбедносен договор, познат по кратенката AUKUS, со кој на Австралија ќе ѝ се обезбеди технологија за набавка на подморници на нуклеарен погон.
САД лани распоредија бомбардери „B-52“ во својата воздухопловна база Андерсон на островот Гуам во Тихиот Океан.