САД по иранските закани испраќаат засилување во Персискиот Залив

САД соопштија дека испраќаат засилување во Персискиот Залив по, како што го нарекоа, зголеменото вознемирување од страна на Иран врз бродови што пловат под меѓународно знаме.
Министерството за одбрана ќе преземе серија потези за да ја зајакне нашата одбранбена положба во Заливот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, додавајќи дека „наредните денови ќе има детали за засилувањето“.
Тој додаде дека Иран Кирби рече дека Иран во изминатите 15 години „малтретирал, нападнал или попречил“ 15 трговски бродови, што пловеле под меѓународно знаме.
– Видовме повторени ирански закани, заплени на оружје и напади врз комерцијални бродови …во меѓународните води и стратешките водни патишта во регионот. САД нема да дозволат странски или регионални сили да ја загрозат слободата на навигација низ блискоисточните водни патишта, вклучително и во Ормуски Теснец, посочи Кирби.