Соединетите држави започнале со подготовка за следната пандемија и проучуваат нови мутации на вируси, тврди во средата генерал-полковникот Игор Кирилов, началник на единиците за радијациска, хемиска и биолошка заштита на руската армија.
„САД, како и во 2019 година, почнаа да се подготвуваат за нова пандемија преку истражувања со кои се бараат мутации на вируси. Не ја исклучуваме употребата од страна на САД на таканаречниет одбранбени технологии за напаѓачки цели, како и со цел за глобално управување преку создавање кризни ситуации од биолошки карактер“, го цитира агенцијата РИА генералот Кирилов од брифингот за медиумите.
Потсетил дека претходно во јули годинава е објавено дека во САД е формирано Биро за политики за подговеност и одговор на пандемија, коешто го води специјалниот советник на американскиот претседател и високопозициониран директор во Советот за национална безбедност, пензионираниот воздухопловен генерал-мајор Пол Фридрикс.
Во врска со тоа Кирилов истакнал дека меѓу приоритетните сфери на интерес на оваа нова американска структура е создавањето вакцини и лекови за справување со вируси и нивни генетски модифицирани варијанти, како и за водедување напредни технологии во биопроизводстото. Според него, тоа е следниот чекор на Вашингтон во воспоставувањето глобална контрола врз биолошката ситуација.
„Проектите на Пентагон се насочени на проучување на потенцијални агенси за биолошко оружје – антракс, туларемија, коронавирус… Истовремено, патогените кои спаѓаат во зоната на интерес на американската војска последователно добиваат пандемиско распространување“, истакнал Кирилов.
Во продолжение рускиот офицер рекол дека стручњаците од компанијата „EcoHealth Alliiance“ од 2015 година ја проучуваат различноса на популацијата на лилјаците, барајќи нови соеви на коронавирусот и механизми за нивно пренесување од животни на луѓе.
Кирилов притоа истакнал дека на 18-ти октомври 2019 година, два месеца пред во Кина да бидат потврдени привите случаи на зараза со новиот коронавирус SARS-CoV-2, вашингтонскиот Универзитет Џон Хопкинс извел во Њујорк вежба под наслов „Настан-201“. Тогаш биле разработувани дејствија во услови на епидемија на претходно непознат коронавирус, кој според легендата (маркерот) на вежбата, бил пренесен од лилјаци на луѓе преку посредникчки организам – на свиња.
Развојот на пандемијата според ова сценарио, како и според проекциите на компанијата „EcoHealth Alliiance“, го покренуваат прашањето за можниот намерен развој на карактерот на коронавирусната болест Covid-19 и вмешаноста на САД во таквата ситуација, истакнал началникот на руските хемиско-биолошки војски.