САД подготвени за преговори со Северна Кореја и покрај „новите провокации“

Соединетите држави во вторнико соопштија дека и натаму се отворни за дијалог со Северна Кореја и порај новата „провокација“, откако севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун најави план за „јакнење и разивање“ на нуклеарното вооружување на неговата земја.

Ким Џонг-ин на парарада во Пјонгјанг во вторникот утрото по средноевропско време вети дека ќе го забрза развојот на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја, присуствувајќи на парада на којашто беа прикажани интерконтиненталните балистички ракети (ICBM) од моделот „Хвасонг-17“.

Севернокорејската државна новинска агенција KCNA пренесе дека парадата е одржана во понеделникот вечерта по локално време во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од вооружените сили на земјата. Пјонгјанг од почетокот на годинава ги интензивираше тестирањата на разни видови оружје вклучително и повеќе типови проектили и демонстрираше воена моќ, во мометите кога преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров со САД се во ќорсокак, а новата конзервативна администрација ја презема власта во Јужна Кореја.

„И во иднина ќе бидеме отворени за дипломатијата и за дијалогот со Северна Кореја за да ја запреме нејзината нуклеарна програма“, изјави на брифинг во вторникот портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс. Според него, САД сепак имаат „обврска да одговорат на неодамнешните провокации“ од Пјонгјанг, во прв ред на двете лансирања на балистички проектили.

Најавата на Ким Џонг-ун дека ќе го „јакне и развива“ севернокорејското нуклеарно оружје „потврдува дека Северна Кореја претставува закана за мирот, меѓународната сигурност и на протоколот за неширење“ на нуклеарното оружје, додаде Прајс.