САД подготвува закон за забрана на Тик-Ток

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД планира следниот месец да гласа за нацрт-законот со кој се забранува популарната кинеска социјална мрежа Тик-Ток во Америка.

Законот, предложен од републиканецот Мајкл Мекол, ќе му овозможи на Вашингтон законски да ја забрани употребата на Тик-Ток поради загриженост за националната безбедност, пренесува Ројтерс.

„Загрижени сме бидејќи оваа апликација и дава пристап на кинеската влада до нашите телефони“, изјави Меккол за Bloomberg News, пренесе Танјуг.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде во 2020 година да ги блокира новите корисници да преземаат Tик Ток-Tok и да забрани парични трансакции што би ја блокирале употребата на апликацијата во САД.

Во јуни 2021 година, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден формално се откажа од таа идејата.

Тик-Ток, кој има повеќе од 100 милиони корисници во САД, се обидува да го убеди Вашингтон дека не собира лични податоци на граѓаните, ниту дека може да пристапи до нивната содржина преку телефон и дека не може да биде манипулирана од Кинеската комунистичка партија или кој било друг под влијание на Пекинг.