Сoeинетите држави планираат да објават нов пакет воена помош од 8 милијарди долари за Украина во четвртокот, во текот на посетата на претседателот Володимир Зеленски на Вашингтон, изјавија во средата двајца американски официјални лица.
Администрацијата на претсеателот Џо Бајден е во интензивни разговори со Конгресот за да дозволи повлекување на воената помош од 5,6 милијарди долари за Украина пред 30 септември, крајот на федералната фискална година во САД.
Американските власти велат дека Белата куќа ќе го извести Конгресот во четврток дека продолжува со објава за 5,6 милијарди американски долари воени резерви. Содржината на тој пакет сѐ уште не е дефинирана.
Во четврток, исто така, ќе биде објавено најава за помош од 2,4 милијарди долари во рамките на Иницијативата за безбедносна помош за Украина. Овие пари ќе се користат за купување оружје за Украина, наместо да се повлечат од залихите на американската војска. Помошта вклучува муниција, оружје, борбени дронови и материјал потребен за производство на муниција во самата Украина, рече еден од изворите.
САД, исто така, планираат во средата навечер да објават 375 милиони долари помош за Украина преку претседателското специјално овластувањето (PDA) коешто му дозволува на американскиот претседател да го префрли оружјето од резервите на Министерството за одбрана таму каде што е потребно.
Како дел од оваа мерка, во Украина ќе бидат доставени прецизно наведувани бомби со дострел до 130 километри. Ги фрлаат борбени авиони. Јавноста нема да биде информирана за тоа какво друго оружје ќе ѝ биде доставено на Украина.
Конгресот одобри воена помош за Украина во вредност од 175 милијарди долари само последните две ипол години, од почетокот на руската инвазија.
Американските компании кои би можеле да имаат полза од зголемените испораки на оружје за Украина ги вклучуваат, меѓу другите, RTX, „Lockheed Martin“, „General Dynamics“ и „Northrop Grumman“.