САД подготвуваат „обоена револуција“ во Грузија, тврди руското разузнавање

Соединетите држави подготвуваат „обоена револуција“ во Грузија, која би трбало да биде реализирана на претстојните парламентарни избориз акажани за 26-ти октомври, истакнаа во понеделникот од руската разузнавачка служба СВР.

За остварување на целта и соборување на грузиските политички сили кои избегнуваат конфронтација со Москва и одржуваат релативно отворени, во прв ред економски односи со Русија која е под масивни западни санкции поради инвазијата во Украина, грузиските невладини организации финансирани од западните земји регрутираат многу доброволци кои наводно ќе го следат процесот на гласање. Тие имаат задача да ги идентификуваат и евидентираат „неизбежните факти“ за користењето на административни ресурси од страна на властите, соопшти СВР.

Според руските разузнавачки податоци, на „тбилисискиот Мајдан“, асоцијација на превратот со кој во март 2014 година во Киев беше соборена проруската влада, планираат да објават наводни „докази за измама“ за време на гласањето, да објават непризнавање на изборните резултати и да бараат промена на власта. Припадниците за спроведување на законот ќе бидат испровоцирани да ги потиснат протестите насилно, педупредува СВР.

„Истовремено, Американците однапред разработуваат опции за ‘безмилосен’ политички и економски одговор на ‘прекумерната’ употреба на сила на властите против ‘цивилите’“, го цитираат руските медиуми извштајот на разузнавањето.

Како што истакнуваат во Москва, владејачката партија Грузиски сон на изборите на 26-ти октомври може да добие убедлива поддршка од гласачите, бидејќи како што проценува руското разузнавање, грузиската опозицијата и покрај напорите на американските служби, останува фрагментирана а коалициите создадени од различни сили се многу кревки. Ова, како што стравуваат во Соединетите држави како што проценува руското СВР, ќе ѝ даде одврзани раце на владејачката партија „да продолжи со својот суверен курс и да одбие да се усогласи со западните барања кои се спротивни на националните интереси на Грузија“.

„Белата куќа го смета ова сценарио за неприфатливо Американците имаат намера масовно да го зголемат притисокот врз грузиските власти во преостанатите недели до изборите за да ја ослабат изборната позиција на Грузискиот сон што е можно повеќе“, појаснува во објавата руското СВР.

Во јуни, грузискиот премиер Иракли Кобахидзе изјави дека членовите на партијата Обединето национално движење на поранешниот претседател Михаил Саакашвили се стремат да ја втурнат земјата да го следи сценариото на Украина. Претходно, тој исто така истакна дека доколку оваа политичка сила е на власт, земјата ќе биде вклучена во сегашниот конфликт, бидејќи „сакаат да отворат втор фронт“ против Русија.

Подолг период наназад актуелните власти во Тбилиси предупредуваат дека грузуски политички фракции се силно ангажирани земјата да ја претворат во таканаречен „грузиски“ или „кавкаски“ фронт против Русија, за која ова е чувствителна област.

Во пресрет на парламентарните избори, кои ќе се одржат во Грузија на 26-ти октомври, партијата Обединето национално движење создаде ново политичко здружение со партијата Стратегија Агмашенебели и други политичари наречено „Единство за спас на Грузија“.

Од самиот почеток на руско-украинската војна во февраури 2022 година, руската војска посочува дека на украинската страна се борат грузиски прозападни платеници, коис е забележани и во тековниот украински продор во руската погранична област Курск. Според проценките на руската војска, од Грузија во украинските сили биле ангажирани околу 1.042 платеници, а најмалку 561 грузиски државјанин во редовите на украинската војска се убиени за време на воените дејствија, според проценките на Москва.

Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили во мај годинава предупреди дека „Одредени пријатели и непријатели нè туркаа на ова, за да испратиме борци во Украина, што директно би значело војна со Русија“.

Претходно во март минатата 2023 година тогашниот грузискиот премиер Иракли Гарибашвили го обвини украинскиот претседател Володомир Зеленски дека ја подгрева тензичната политичка ситуација во Грузија, со коментарите за протестите одржавани во Тбилиси тој перииод, што предизвика остар одговор од Киев. Гарбивашвили тогаш предупреди на учеството на протестите во Тбилиси на десетици активисти од Украина чијашто цел според неговата влада е да ги радикализираат протестите и да предизвикаат преврат и порача дека неговата владејачка партија Грузиска сон нема да дозволи отворање „втор фронт“, алудирајќи на украинската војна против Русија. Имено, во текот на протестите, Зеленски им се заблагодари на демонстрантите во Тбилиси кои ги истакнуваа украинските знамиња, велејќи дека на тој начин искажуваат почит кон неговата земја а на Грузијците им посака „демократски успех“ што во Тбилиси беше протолкувано како јасно поттикнување на преврат.

Тбилиси има непријатно скорешно минато, откако во 2008 година изведе операција за заземање на двата автономни региони Јужна Осетија и Абхазија на границата кон Русија и се обиде воено да воспостави своја контрола, при што загинаа и неколку руски мировници од корпусот распореден во регионот по конфликтот во раните 1990-ти и распадот на тогашниот СССР. Во жестокиот одговор на Москва, во петдневната операција руските единици излегоа пред грузиската престолнина Тбилиси по што се повлекоа на териториите на стратешките кавкаски региони.