САД постави нова воена база во Сирија

САД поставиле нова воена база во сиријската покраина Хасака, а Франција праќа нови воени конвои во тоа подрачје, пренесе либанската телевизија „Ел манар“, повикувајчи се на извори од терен.

Вашингтон наводно испратил одредеб број на оклопни возила и војници, кои стигнале во Хасака и подоцна се упатиле кон градот Шамади, во јужниот дел на покраината. Истите извори тврдат дека три воени возила со француски знамиња се упатиле кон курдската воена база на северот на Хасака.

Американската база е поставена меѓу градовите Тел Тамер и Тал Бидар.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров пред неколку дена изјави дека, спротивно од приказните дека американската војска е во Сирија само да ја порази Исламската држава, како и ветувањето на претседателот Доналд Трамп дека ќе ја повлече војската, всушност заземаат положба на источниот брег на Еуфрат и немаат намера да ја напуштат земјата.