САД повикуваат ОН да не се „залажуваат“ со повици за примирје коешто би ја зајакнало Русија

, Feb. 24, 2023. (AP Photo/Seth Wenig)

Американскиот државен секретар Ентони Блункен во петокот тврдеше на Советот за безбедност при Обединетите нации дека не треба да има залажување со повиците за привремен или безусловен прекин на огнот во Украина, велејќи дека само „праведен и траен“ нема да ѝ овозможи на „закрепнување, вооружување и продолжување на агресијата“ на Русија за која ова е нов пример во кој САД се залагаат за продолжување на војната покрај континуираното испорачување оружје и испраќање платеници за украинската војска.

„За мирот да биде праведен тој мора да ги содржи принципите кои се во основата на Повелбата на ОН: суверенитет, територијален интегритет, независност. За мирот да биде траен тој мора да обезбеди Русија да не може да се одмори, вооружи и повторно да ја започне војната за неколку месеци или неколку години“, рече Блинкен во 15-члениот Совет за безбедност во кој иницираше седница на годишнината на почетокот од војната во Украина.

Тврдењата на Блинкен дојдоа откако претходно во петокот Кина повика на прекин на непријателствата во рамките на нејзиниот план од 12 точки кои ги добро познатите ставови на Пекинг од почетокот на руската „специјална воена операција“ во Украина за заштита од „геноцид и етничко чистење“ руското население во Донбас.

„Секој мир кој го легитимизира насилното руско грабање територија ќе ја ослаби Повелбата на ОН и на потенцијалните агресори ќе им испрати порака дека можат да извршат инвазија на земја и да се извлечат со тоа“, изјави шефот на американската дипломатија.

„Ниеден член на овој Совет не би требало да повикува на мир додека ја поддржува војната против Украина и на Повелбата на ОН“, рече Блинкен кој повторно без да даде докази ја обвини Кина дека наводно разгледува снабдување на Русија со оружје и му се закани на Пекинг тоа да не го прави.

Русија, којашто на САД редовно им одговара со примери од последните децении и нејзините инвазии во Југославија, Ирак, Авганистан, Сирија, Либија…, во петокот поздравувајќи го мировниот план на Пекинг, исто така, се повика на Повелбата на ОН, нормите на меѓународното право, вклучително и хуманитарното право, неделивоста на безбедноста, согласно кои безбедноста на една земја не треба да се зајакнува на сметка на друга, што е променливо и за безбедноста на одредени групи земји

Западните сили изминатите речиси повеќе од осум години ја обучуваа и опремуваа украинската војска со вооружување од речиси стотина милијарди долари, особено под почетокот на руската инвазија. Кина во четвртокот на Генералното собрание на ОН му порача на колективниот Запад дека „испраќањето на оружје нем да донесе мир“ во Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмиро Кулеба кој исто така присуствуваше на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека секој мировен предлог треба да биде усогласен со барањето на Генералното собрание на ОН. Во четвртокот Генералното собрани, откако отфрли неколку нацрт-резолуции, со големо мнозинство ја донесе онаа која нема обврзувачки карактер која ја повикува Русија да ја повлече војската од Украина и на „сеопфатен, праведен и траен мир“ во согласност со Повелбата на ОН, којашто очигледно како и во минатото сите страни ја толкуваат според сопствените интереси.

По иницијативи на Западот и на Москва, изминатата година одржа десетина состаноци за Украина, но не донесе никакви мерки бидејќи САД, Велика Британија и Франција, како постојани членки поддржани од мнозински број непостојани членки ги отфрлија руските предлози за резолуции, како и поради тоа што Русија и нејзиниот сојузник Кина имаат право на вето.