![obedineti nacii](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/obedineti-nacii.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Соединетите држави повторно одбија да им издадат визи на неколку руски дипломати за кои беше планирано да учествуваат во работната група за информатичка и комуникациска технологија во седиштето на Обединетите нации, изјави на заседанието руската претставничка Ирина Тјажалова.
„Уште еднаш САД неосновано и пркосно одбија да им издадат визи на одделни членови на руската меѓуресорска делегација“, изјавила за новинарите во седиштето на светската организација во Њујорк.
Тјажлова истакнала дека ова не е првпат Вашингтон да постапува на тој начин, и потсетила дека таков потег бил преземен и против шефот на руската делегација.
Нагласила дека САД со тоа „флагрантно ги прекршуваат своите обврски кои произлегуваат од домаќинството и да го обезбедат функционирањето на централните тела“ на ОН.
Тјажалова го повикала Секретаријатот на ОН да се запре практиката на САД за неиздавање визи за руските дипломати кои службено патуваат во седиштето на организацијата. Истакнала дека Вашингтон на тој начин влијаат врз формирањето на националните делегации.
Конкретно, на проблемите со одбивање за издавање влезни визи сага наидоа претставници на невладини организации, на коишто всушност им е одземена можноста да учествуваат на специјализирана сесија“ на ОН.
„Би сакала да ги прашам претставниците на САД од што толку се плашат нивните власти кога одбиваат да им издадат визи на учесници кои имаат консултативен статус? Дали таквите постапки се норма за таканаречениот цивилизиран свет?“, додала Тјажалова.
Според договорот меѓу светската организација и САД, како земја меѓу домаќин на седиштето на ОН, американските власти не смеат да ги спречуваат посетите на светската организација на претставници и функционери на земјите членки.
Меѓутоа САД, особено по почетокот на војната во Украина повеќепати одбија да им издадат визи на членови на руски дипломатски делегации, вклучително и ланскиот септември на официјалната руска делегација за подготовките на тогашната сесија на Генералното собрание на ОН, а во други случаи ги издаваат визите со големо задоцнување.
Руското Министерство за надворешни работи повеќепати предупредуваше дека таквата практика на САД претставува грубо нарушување на меѓународните прописи, бидејќи издавањето визи на делегатоте не е привилегија, туку меѓународна правна обврска на САД.