Кина не направила ништо во смисла на испраќање оружје на Русија коешто би ја помогнало инвазијата во Украина и САД дадоа јасно до знаење „зад затворени врати“ дека таквиот потег би имал сериозни последици, тврдеше во неделата советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
„Пекинг ќе мора сам да донесе одлука како ќе постапи, дали ќе даде воена поддршка (на Русија), но ако се реши за тоа, тоа ќе има вистинска цена за Кина“, изјави Саливан во интервјуто за CNN во кое провејува надреден однос и веројатно ќе предизвика остра реакција од кинеска страна.
„Кина не стори ништо во смисла да давањето (на Русија) таква поддршка, но ниту ја исклучи“, рече Саливан во друг интервју
Саливан, исто така, тврди дека „зад затворени врати“ американските функционери „ги предупредија“ кинеските колеги „каква цена тоа би можело да има“ без да даде докази за наводната кинеска воена поддршка на Русија или да презентира поединости од разговорите.
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилијам Барнс, исто така, во неделата ѝ упати заканувачка порака на Кина.
„Убедени сме дека кинеското водство разгледува испраќање на воена опрема. Исто така, гледаме дека сѐ уште не е донесено конечно решение и не гледаме докази дека навистина постојат испораки на воена опрема“, рече Барнс, поранешен американски амбасадор во Москва за телевизиската мрежа CBS News.
Изминатата седмица САД повеќекратно зборуваат за наводно испраќање на кинеско оружје за Русија за користење во нејзините воени дејствија во соседна Украина. Досега, сепак, не беа објавени конкретни податоци за тоа, ниту за какво оружје станува збор.
Претходно седмицава американскиот државен секретар Ентони Блинкен го предупреди Пекинг за последиците доколку и се доставува оружје на Москва, а истовремено генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтнберг, изјави дека Северноатлантската алијанса стравува од „смртоносна воена помош“ за Русија од Кина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, изјави дека САД се тие кои континуирано го снабдуваат оружјето на бојното поле на украинскиот конфликт. Според него, Вашингтон треба да престане да се шири дезинформации и префрлање на одговорноста на други.
Шефот на канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Ванг Ји, ги обвини западните земји за двојни стандарди во прашањето за испорака на оружје за Русија, бидејќи тие самите активно обезбедуваат воена помош за Киев.