Американската амбасада на Косово ги предупредува своите граѓани на зголемен ризик од терористички напад во Косово, особено за време на велигденските празници. Како што е наведено на сајтот на амбасадата на САД во Притина, американските државјани би требало да бидат внимателни во текот на случувањата поврзани со прославите на католичкиот и православниот велигден, пишува Б92.
На Американците кои доаѓаат на Косово или се веќе таму им се советува да не се истакнуваат во јавноста и да не привлекуваат внимание, да ја променат вообичаената рута на движење за да станат непредвидливи зза криминалците и терористите и кога се на јавно место да обратат внимание на излезите во случај на опасност и службите за безбедност.
Им се советува да избегнуваат јавни собирања и демонстрации и да ги следат локалните медиуми и да ги следат инструкциите од амбасадата на САД.