Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Сирија, Џејмс Џефри, изјави во средата дека американските сили виделе докази за воени злостроства на турската војска во текот на неодмнешната воена операција против Курдите во североисточна Сирија, и предупреди дека стотина џихадисти поради турската офанзива успеале да побегнат од курдските затвори.
„Не видовме раширени докази за етничко чистење“, во офанзивата на турската војска, но постојат извештаи за „неколку инциденти кои ги сметаме за воени злосторства“, рекол Џемјс Џефри на сослушувањето во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Американските службеници ги истражуваат овие извештаи, рекол Џефри и додал дека побарал објаснување од владата на Турција. САД ги истражуваат и извештаите дека Турција во текот на офанзивата користела забранет бел фосфор.
Џефри го потврдил и тврдењето на американскиот министер за одбрана Марк Еспер дека поради турската операција побегнале повеќе од стотина борци на џихадистичката организација Исламска држава, истакнувајќи дека „не се знае каде се наоѓаат“,
Речиси сите затвори кои ги чуваат Сириските демократски сили (SDF) и натаму се под контрола, изјавил Џефри.
„Ги надгледуваме најдобро што можеме. Имаме уште луѓе во Сирија кои работата со SDF и еден од приоритетите се тие затвори“, рекол специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп.