Преговарачите во американскиот Конгрес во неделата објавија нацрт-закон за финансирање на владата до крајот на фискалната година којашто започна во октомври, бидејќи пратениците се соочуваат со уште една закана од делумно „затворање“ доколку не донесат одлука до петок.
Нацрт-законот претставува дискрециско ниво на потрошувачката од 1,66 трилиони долари за фискалната 2024 година, рече портпаролот на челникот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер. Законот ги исполнува деталите од договорот коишто Шумер и републиканскиот претседател на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, го поставија во јануари.
Пратениците минатата седмица гласаа за четвртата привремена мерка од почетокот на фискалната година која во САД започнува на 1-ви октомври за да се одржи финансирањето на владата и си дадоа два рока да дејствуваат за да се договорат финансирање на дел од владините агенции, вклучително и Министерството за транспорт и Управата за храна и лекови, која е покриена до 8-ми март, додека другите федерални агенции делумно се затвораат на 22-ти март.
Нацрт-законот „содржи агресивни вложувања коишто демократите ги остварија за американските семејства, американските работници и американската национална одбрана на Америка“, рече Шумер.
Додека повеќето водечки членови на Конгресот се согласија за договорот, остануваат некои предизвици, особено противењето на тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом, кои постојано повикуваа на нагло намалување на трошоците.