САД ѝ претставиле на Турција алтернатива за руските системи „С-400“

Соединетите држав ѝ понудиле на Турција алтернатива во врска со набавката на руските противракетни системи „С-400“, потврди во петокот американскиот државен секретар Венди Перан во интервјуто за телевизијата CNN TURK.

„Набавката на С-400 претставува проблем во НАТО: Ние претставивме алтернатива, тие (турската страна) точно знаат што треба да сторат. Се надеваме дека можеме да најдеме заеднички пат“, истакна Шерман, без да прецизра за каква алтернатива за Анкара станвуа збор.

Заменичката на шефот на американската дипломатија, исто така, ги коментираше и претстојните разговори меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот турски колега по должност Реџеп Тајип Ердоган, кој може да се случи на 14-ти јуни, два дена пред самитот во швајцарска Женева на американскиот челник и рускиот претедател Владимир Путин.

„Претседателот (Бајден) ќе изрази загриженост во врска со човековите правата и демократијата, особено за тоа по која пта оди Турција“, додаде Шерман.

Претходно во петокот заменичката на американскиот државен секретар Венди Шерамн во Анкара разговараше со заменикот на турскиот министер за надворешни работи, Седат Онал, што беше првата посета на високо ниво на официјален претставник на администрацијата на Бајден на Турција.

Турција, по повеќегодишното одбивања на нејзините западни сојузници да ѝ оспорачаат системи за заштита на нејзиниот воздушен простор и откако под притисокот од НАТО го раскина договорот со Кина за противракетен систем, во 2017 година склучи договор со Русија за испорака на напрдните системи „С-400“.

Одлуката на Анкара предизвика остро спротиставување од САД и НАТО како целина, и постојани притисоци за откажување на договорот со Москва за нејзините системи за противвоздушна одбрана. Откако Турција не попушти под притисоците и веќе ги доби и тестираше првите две батерии на „С-400“, Вашингтон ја исклучи Анкара од американската партнерска програма за развој и производство на ловицте-бомбардери од петтата генерација „F-35“.

Иако САД повремено изминатите години во врска со овој проблем ѝ се закануваше на Турција со воведување еднострани санкции, Вашингтон не брзаа со преземање на таквите дејствија, стравувајќи во прв ред од натамошното влошување на односите со клучниот сојузник во НАТО, а санкции беа воведени во декември 2020 години, еден месец пред стапувањето на должност на сегашнито американски претседател Џо Бајден. Анкара притоа редовно одговараше дека евентуалните американски рестрикции нема да ги остави без свој одговор.