
Американските сили извршиле нови воздушни напади врз џихадистите од Исламската држава во Ирак.
Новите напади доаѓаат откако џихадистите денеска објавија видео со приказ на отсекувањето на главата на американски новинар и се заканија дека ќе го егзекутираат и вториот доколку, американските авиони не престанат со бомбардирањата.
Белата куќа ја потврди автентичноста на видеото, што ја покажува егзекуцијата на новинарот Џејмс Фоули.
– Разузнавачките служби ја анализираа снимката и заклучија дека таа е автентична, соопшти портпаролката на Советот за национална безбедност Кејтлин Хејдн.