САД протераа кубански дипломати поради „акустичен напад“ врз американските во Хавана

Вашингтон протера двајца кубански дипломати откако персонал на американската амбасада во Хавата почнал да се жали на чудни физички симптоми и „акустичен напад“ врз американските дипломати во Куба.

Во американскиот Стејт департмент сметаат дека некои припадници на американската амбасада во Хавана биле подложени на „акустичен напад“ со примена на специјални уреди, пренесува телевизијата CNN.

Функционер на американската администрација изјавил дека дел од службениците во амбасадата во кубанската престолнина го загубиле слухот, пренесува Reuters.

Засега не е познато што точно се случило, но портпролката на американската дипломатија Хетер Науерт изјавила дека нема „дефинитивни одговори за изворот или причината“, пренесува BBC.

Кубанското министерство за надворешни работи соопшти дека ги истражува ваквите наводи.

Протерувањето на своите дипломати од САД, Куба го нарече неоправдано, но наведува дека е подготвена да соработува со Вашингтон за да се разјасно што се случило.

„Куба никогаш не дозволила и нема да дозволи кубанската територија да се искористие за какво и да е дејствување против акредитирани дипломати или нивните семејства“, се наведува во соопштението.

Се нагаѓа дека губењето на слухот би можело да ги предизвика некој вид уред кој емитува нечујни звучни бранови, а кој бил поставен во близина на домовите на дипломатите.

Портпаролката Нуерт изјави дека службениците почнале да се жалат на чудни симптоми кој крајот на минатата година. Иако не биле животно загорезен, одреден број од нив се вратени во САД, додаде. Според неа, тоа се смета за „многу сериозно и истрагата е во тек“.

Повикувајќи се на неколку високи функционери на Стејт департментот, CNN наведува дека според верзијата на Вашингтон службениците на амбасадата биле подложени на „нападите“ кон крајот на минатата 2016 година. Притоа тоа се случувало во разлини периоди и на различни места. Се истакнува дека поради тоа кај службениците се јавиле сериозни здравствени проблеми.

Според извештајот на телевизијата, Стејт департментот го поставил ова прашање пред кубанската влада и во Хавана испратил американски лекари, но причините за тоа што се случувало не може да се дознаат. Се укажува, исто така, дека за ситауцијата се заинтересирало и Федералното биро за истраги (FBI).

САД и Куба во 2015 година, по повеќе од половина век, повторно воспоставија дипломатски однои и го отворија дипломатските мисии во Хаватан и во Вашингтон, а Куба беше посетена од поранешниот американски претседател Барак Обаа.