САД: Русија ќе се ослободи од санкциите ако се откаже од Крим

САД: Русија ќе се ослободи од санкциите ако се откаже од Крим
САД: Русија ќе се ослободи од санкциите ако се откаже од Крим

САД нема да ги укинат санкциите кон Русија се додека Москва не се откаже од анексијата на украинскиот полуостров Крим, соопшти американскиот амбасадор во Москва, Вилијам Тафт.

– Повеќепати сме кажале дека по целосното исполнување на Договорот од Минск, дел од санкциите (кон Русија) ќе бидат укинати, но оние санкции што беа воведени поради Крим, ќе останат во сила се додека трае окупацијата на полуостровот, објави Тафт на социјалната мрежа Вконтакте.

Како што јави ТАСС, Тафт прецизираше дека жителите на Крим кои ќе сакаат да патуваат во САД, своите документи за добивање виза ќе мора да ги поднесат во американската Амбасада во Киев, затоа што според Вашингтон, тие се украински државјани.