САД сѐ уште бараат решение за недостигот од адаптирано млеко за доенчиња

Проблемите во набавката, инфалцијата и повлекувањата прдизвикаа недостиг од адаптирано млеко за доенчињата во САД, присилувајќи ја групата малопродажни компании веќе неколку месеци да ја реационализираат продажбата на овој продукт.

Продажбата беше ограничена откако главниот добаувач „Abbott Laboratories“ во февруари повлече некои од производите од погоните во сојузната држава Мичиген, вклучително и на производителот „Similac“, поради поплаките на бактериски инфекции кај доенчињата.

Компанијата во вторникот соопшти дека „прави сѐ“ за да го надмине проблемот со недостигот, вклучувајќи и давањет приорите на нивното производство и воздушниот транспорт од погонот во Ирска којшто поседува сертификат на американскиот регулатор на лекови.

Портпаролот на „Abbott Laboratories“ истакна дека тесно соработува со Управата за храна и лекови (FDA) на покренување на производството во Мичиген. Ниедна формула во дистрибуцијата не била позитивна на бактерии, наведува уште компанијата.

Произведувачот „Similac“ е водечки донавувач на млечни формули во САД со пазарен удел од околу 42 отсто во минатата 2021 година, Следи британскиот „Reckitt Benckiser“ со речиси 38 отсто удел, според податоците на Euromonitor.

Синџирот дрогерии CVS соопшто дека во април го ограничил купувањето на производите во продавнциите и на интернер на три кутии по порачка. Дрогериите „Wahlgrens“ воведоа слично ограничување уште во март, „Kroger“ ја ограничува продажбата на четири производи по купувач, а „Target“ веќе со седмици ја ограничува продажбата на интернет.

Американскиот регулатор за храна и лекови FDA соопшто дека презема повеќе потези, вклучилтено и соработка со „Abbott Laboratories“ и другите прозведувачи за да се ублажат проблемите со снабдувањето.

Неколку произведувачи на адаптирано млеко за доенчиња имаа доволно па и вишок капацитети да ја покријат седмичната побарувачка, истакнуваат од FDA, додавајќи и дека во парил било купено повеќе адаптирано млеки отколку во месецот пред повлекувањето.

„Правиме сѐ што е во наша моќ за да се погржиме соодветниот производ да биде достапен каде и кога е потребен“, изјави комесарот на FDA, РобертО Калифф.

Околу 40 отсто од млечните формули не биле достапни во САД во април, изјави извршниот директор на компанијата за собирање податоци од пазарот „Datasembly“, Бен Рејх. Недостигот го влошиле и застоите во синџирите за набавка, повлекувањето на производите и рекордната инфлација, додал.