Американската администрација е подготвена е целосно да ја спречи Русија од можноста да ги исплаќа доспевањата за наплаќања по обврзници во странски валути по 25-ти мај, пишува агенцијата Bloomberg повикувајќи се на сопствени извори.
Според информацијата од вторникот, американското министерство за финансии ќе ја укине ткн генерална лиценца, коај ги исклулува плаќањата за сервисирање на дел од суверениот долг на Русија од антируските санкции насочени притив нејзиниот финансиски и банкарски сектор.
Лиценцата, чијашто важност истекува на 25-ти мај, ѝ овозможуваше изминатите месец на Москва да продолжи да плаќа за доспеаните камати по обврзниците.
Еден од соговорниците на агенцијата рекол дека американското министерство за финансии сѐ уште ја нема донесено конечната одлука.
Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, на 10-ти мај изјави дека нејзиниот ресор ги анализира „последицитге и несаканите ефекти“ од можните потези кои би резултирале со забрана Русија да ги изврши своите сервисирања на дел од нејзиниот суверен долг.