Падот на вредноста на руската рубља е резултат на санкциите воведени од САД и Европската унија кон Русија поради улогата на Москва во украинската криза, објави денеска Белата куќа.
Руската валута денеска падна на нов рекредн минимум во однос на американскиот долар и еврото.
– Тоа е доказ дека Русија ја плаќа цената, изјави портпаролот Џошуа Ернест.
Падот на вредноста на рубљата моментално е најочиглено последица на западните санкции кон Русија, истакна Ернест.