САД санкционираа над 120 руски и киргистански компании

Соединетите држави санкционираа во четвртокот нови повеќе од 120 руски и киргистански компании за кои тврдат дека ја „помагаат руската агресија“ во Украина.

Мерките се насочени да го оневозможат пристапот на Русија до материјалите за кои САД и нивните западни сојузници воведоа санкции, како што се електронските компоненти кои имаат двојна намена, односно може да се користат и во воената индустрија, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Овие санкции ќе спречат Русија да има пристап до критичните материјали, нејзиното идно производство на енергија и извозните способности, да го ограничат нејзиното користење на меѓународниот финансиски систем, како да се пресмета со оние кои учествуваат во заобиколувањето на санкциите“, уверува Блинкен откако досегашните антируски санкции без преседан не дадоа позначителни резултати да ја намалат борбената способност на Русија.

Меѓу санкционираните се додаваат и нови руски банки, енергетски, поморски и технолошки компании, произведувачи на оружје и седум руски истражувачки институти.

Цел се и неколку киргистански компании за кои САД тврдат дека ѝ помагаат на Русија да ги избегнува санкциите. Една од нив, „RM Desing and Developmnet“, наводно испорачувала полупроводници и интегрирани склопки на руски купувачи кои потоа ја снабдувале руската одбранбена индустрија, пишува агенцијата AFP.

Кригистан малку подоцна негираше дека помагал на руски компании да ги заобиколуваат западните санкции кои првпат беа воведени уште во 2014 година по превратот во Киев поддржан од Западот. Американските санкции забрануваат секакви трансакции со тие компании и им го ограничуваат пристапод до западните мултианционални финансии.

Инаку причината што Западот во 2014 година ги воведе санкциите против Русија беше тоа што откако новите прозападни украински власт го укинаа рускиот јазик и правата на огромното руско малцинство во Украина, двете доминантно руски и рускојазични југоисточни региони Донецк и Луганск се отцепија, а црноморскиот полуостров Крим со огромно мнозинство изгласа враќање на автономијата укината во 1990-те години и враќање во составот на Русија од каде е отцепен со декрет во 1954 година во тогашниот СССР. Но жестоките санкции на САД и ЕУ повеќе од десет патти беа проширувани откако Русија во феавруари минатата година изрши инвазија во Украина, нарекувајќи ја „специјална воена опрација“ чиај цел е заштита на руското население.