САД ѝ се заканија на Русија да ги повлече своите сили од границата со Украина или ризикува „сериозни“ санкции

Joint Press Point with NATO Secretary General Jens Stoltenberg and Antony J. Blinken (US Secretary of State)

САД во средата ѝ се заканија на Русија дека ги повлече своите воени единици од границата со Украина, предупредувајќи дека наводна руска инвазија би можела да има влијание врз носењето санкции коишто Москва „ќе ја погодат потешко“ од сите досега наметнати.

„Не знаеме дали претседателот (на Русија, Владимир) Путин донел одлука за инвазија. Но знаеме дека е подготвен, доколку реши така, намислата да ја оствари во кус рок. Доколку Русија се реши за конфронтација кога станува збор за Украина, ние, а тоа веќе јасно го дадовме на знаење, решително ќе одговориме, а одговорот ќе вклучува и низа силни економски мерки од чијашто примена претходно се воздржувавме“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Изјавата на Блинкен во латвиската престолнина Рига, следеше по советувањето со министрите за надворешни работи на земјите членки НАТО и на Украина за тоа на кој начин ќе одоговорат на, како што тврди Киев, распоредувањето на повеќе од 90.000 руски војници во близина на гранциата.

Претходно во средата Кремљ предупреди дека стравува оти Украина се подготвува со сила да ја реши кризата со двата одметнати рускојазични региона на истокот на земјата. Според сознанијата на Москва, Украина распоредила половина од својата армија, или 125.000 војници, во зоната на конфликтот во областа Донбас. Русија вели дека е загрижена поради намерите на Украина во време на зголемени тензии меѓу двете земји поради стравувањата на Западот од наводен нов руски напад на украинска територија. Москва ги отфрла овие наводи како влевање страв.

Во соопштението на Киев му беше порачано дека таквите активности претставуваат „многу опасен авантуризам“. Се наведува и дека Русија не може да преземе никакви потези кои би резултирале со повлекување на единиците поради големата концентрација на украинските сили во близина на руската граница.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека доколку Русија употреби сила против Украина, Алијансата „располага со низа опции“, меѓу кои и економски, финансиски и политички мерки.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Русија на „опасен начин“ се обидува вината да ја префрли врз Украина.

„Европскиот континент моментални е можеби во многу критична ситуација. Сметаме дека е потребно да се покаже сила, за да ја избегнеме потребата да ја покажуваме подоцна“, рече Кулеба.

Блинкен смета дека дел од наводниот „руски план“ е да се „користат провокации како изговор за нешто што се планира да се изведе од почетокот“. Шефот на американската дипломатија вели и дека Москва „изнесува засилени дезинформации“.

„Последните седмици забележавме и повеќекратен раст на активностите на социјалните медиуми коишто поттикнуваат антиукраинска пропаганда, мноу слична на онаа на каква што последен пат бевме сведоци пред руската инвазија врз Украина 2014 година“, рече Блинкен без појаснување во што се состоела.

Блинкен, исто така, не сакаше да каже и со какви санкција Русија би можела да биде соочена, но ги повика Москва и Киев спорот да се обидат да го решат на дипломатски пат и да го заживеат мировниот план за источна Украина од 2014 година.