Американското министерство за трговија извести дека ќе преземе потези за да се казнат земјите кои ги намалуваат вредностите на домашните валути за да им помогнат на своите извозници, со што им нанесувале штети на компаниите кои извезуваат од САД.
Министерството ќе продолжи прописи за воведување царини за земјите кои „преземаат мерки за да ги намалат вредностите на своите валути во однос на доларот, што во крајна линија се сведува на субвенционирање на извозот“, се наведува во соопштението.
Со овој потег Вашингтон ги предупредува земјите извознички, во прв ред Кина со која САД имаат огромен дефицит во трговската размена, дека на нивното управување со валутните курсеви на штета на американските компании био можел да возврати со воведување царини.
„Во тој случај земјите повеќе не би можеле да ја користат курсовата политика на штета на американските работници и компании“, истакнува во писмената изјава министерот за трговија на САД, Вилбур Рос.
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, ги критикува земјите, првенствено Кина, кои ја намалуваат вредноста на сопствените валути за да го поевтинат својот извоз. Сузбивањето на „нечесната трговска практика“ на трговските партнери би било едно од ветувањата од неговата предизборна кампања.
Нацртот на прописите за воведување нови царини содржи и критериуми врз основа на коишто американското министерство за трговија ќе утврдува дали треба на курсната политика на трговските партнери да се одговори со царини, но тие не се наведени во споменатото соопштение,