САД се залагаат за првичен прекин на огнот во Газа и без враќање на заложниците

Додека се чека Хамас да прифати предлог за прекин на огнот и ослободување на заложниците, американските и арапските преговарачи изнесоа потенцијална „кратка пауза“ на непријателствата во Појасот Газа додека поголемиот договор се „испегла“, според Волстрит журнал.

Израелските медиуми набрзина ја забележаа промената на САД од условување каков било прекин на огнот со ослободување на заложниците киднапирани за време на нападот предводен од Хамас на 7 октомври, читајќи меѓу редовите на официјалните изјави.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави заедно со катарскиот премиер, дека прекинот на огнот ќе овозможи ослободување на заложниците наместо да биде предуслов. Политички извор му рекол на „Израел Хајом“ дека навистина има промена на американската позиција.

Синоќа, американскиот претседател Џо Бајден истакна дека  „Израелците соработуваат, а сега е на ред Хамас да се согласи на прекин на огнот“.

Сега, според извештајот на WSJ, кој ги цитира преговарачите во меѓународните напори, со најновиот притисок се сака да се избегнат борби за време на светиот месец на исламот Рамазан, додека некои се загрижени дека Хамас наместо тоа сака да го разгори регионот, особено со тоа што Израел вети дека ќе ги прошири своите копнени маневри до јајјужната област во Газа, Рафа.

Додека промената во корист на Хамас би го наградила неговото задржување, администрацијата на Бајден наводно била под притисок да постигне пауза во борбите и да избегне влошување на хуманитарната криза во Газа.

Терористичката организација Хамас објави соопштение, велејќи дека покажува „неопходна флексибилност“, но го обвини Израел,  што не се повлече од Појасот Газа и им дозволи на сите раселени жители на Газа да се вратат во своите домови.

Ал-Ахбар објави, врз основа на палестински извор, наведе дека „нема простор за преговори и договори кои на крајот не водат за запирање на целата војна и целосно повлекување на ИДФ од Појасот Газа“.