САД одлучија да ѝ додела на Украина нов пакет воена помош во висина од 1,85 милијарди долари, а кој првпат ќе ги вклучува системи за противвоздушна одбрана „Patriot“, се истакнува во писмената изјава од средата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој истакнува дека тоа е потребно за Киев да дојде до што подобра позиција во преговори „кога ќе дојде времето“ за тоа.
Како што се наведува во изјавата, милијарда долари ќе бидат издвоени преку Стејт департментот, а преостанатите 850 милиони долари преки Пентагон. Со тоа, вкупниот обем на воената помош којашто Вашингтон официјално му ја пружил на Киев од почетокот на војната достигна 21,9 милијарди долари, прецизира Блинкен.
„Денешната помош првпат го вклучува и системот за противвоздушна одбрана ‘Patriot’“, се наведува во изјавата на Блинкен.
Речиси истовремено Белата куќа го објави текстот со наредбата на претседателот Џо Бајден за издвојување милијарди долари помош за Украина, преку министерството за надворешни работи што се содржи и во изјавата на шефот на американската дипломатија Блинкен.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина толку долго колку што ќе биде потребно за да може Киев да се брани и да дојде во најповолна позиција на преговарачката маса кога ќе дојде времето. Само Русија може да стави крај на оваа војна денес. Додека таа не го стори тоа, ние ќе стоиме заедно со Украина“, истакнува Блинкен.
Според него, најновиот пакет воена помош, меѓу другото, вклучува „проширени капацитети за воздушната одбрана и прецизни удари, дополнителна муниција и критична опрема што Украина многу ефикасно ја користи за да се одбрана на бојното поле“.
Двете објави беа лиферувани до медиумите непосредно пред пристигнувањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски во Вашингтон, на средба со американскиот претседател Џо Бајден при што ќе се обрати и на членовите на Конгресот.
Зеленски претходно изјави дека неговата посета на САД има цел да ја зајакне „отпорноста и одбранбените способности“ на Украина во справувањето со континуираните руски масивни ракетни и напади со беспилотни летала што ја разори украинската енергетска инфраструктура во текот на острата зима.
Аналитичарите од вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии (CSIS) минатата седмица објавија процена дека се очекува батеријата „Patriot“ да ѝ биде испорачана на Украина во текот на февруари 2023 година.
Останува нејасно чии воени екипажи ќе дејствуваат со овие скапи и софистицирани системи во Украина, односно дали за тоа веќе биле обучувани украински војници, бидејќи во вообичаени услови станува збор за сложена повеќемесечна обука.
Русија во неколку наврати ги предупреди САД дека предавањето на ваквите напредни системи оружје на Украина само водат кон ескалирање на воените судири и продолжување на страдањето на луѓето од двете страни на боиштето. Минатиот понеделник портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот со новинарите предупреди дека системите „Patriot“ ќе бидат легитимна мета на руските сили веднаш штом ќе бидат детектирани на украинска територија.
„Patriot“ е најскапото оружје дадено на Украина
Западните медиуми пренесувајќи ја информациите наведува дека „Patriot“, кој го произведува компанијата од наменскиот воен сектор „Raytheon“ е „најсофистицираниот систем за противвоздушна одбрана“ на САД.
Не е познато колку модифицираниот „Patriot“ според своите технички карактеристики и ефикасноста е подобар од најнапредниот американски систем за противоздушна и противракетна одбрана ТHAAD (Therminal High Altitude Area Defense), како што го опишува неговите производител „Lockheed Martin“ и „Raytheon“, проценет на две милијарди долари од кои само еден е надвор од САД разместен е пред повеќе од осум години во Јужна Кореја, а вториот испорачан во 2019-та во Израел
Меѓутоа, според стручњаците од вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии (CSIS), системот „Patriot“ ќе стане „најскапиот вооружен систем кој САД ѝ го доставија на Украина“ досега. Имено секоја единица чини околу 1,1 милијарда долари, и тоа 400 милиони се лансерите, командниот модул и радарскиот систем за лоцирање, и околу 700 милиони долари за ракетите за пресретнувачи. Еден проектил од најновата модификација го чини Пентагон 4,1 милиони долари.
Станува збор за армиски мобилни системи за противвоздушна одбрана стапија во вооружувањето на американката војска во 1980-те години. Развиени се за соборување авиони, беспилотни летала, крстосувачки и балистички проектил со краток и среден дострел. Една батерија вклучува пет до осум мобилни единици. На платформата може да се сместат контејнери за лансирање за 4 или 16 проектили, во зависност од модификацијата.
Во моментов системи „Patriot“ во своите вооружување ги имаат или планираат наскоро да ги набават 18 земји во светот, меѓу кои Германија, Израел, Јапонија, Јужна Кореја, Романија…
Овие системи американската војска активно ги користење во текот на операциите во Персискиот залив, односно Заливската војна во 1991-ва и инвазијата на САД и сојузниците врз Ирак во март 2003 година.