САД: Светот не ја прифаќа анексија на Крим

Светот не ја прифаќа нелегалната анексија на Крим од страна на Русија, изјавила постојаната претставничка на САД во Обединетите Нации Саманта Пауер, пренесе „УНИАН“.

При вчерашното гласање за резолуцијата за територијалниот интегритет на Украина на Генералното собрание на ОН, од претставници на 139 земји, дури 100 од нив не го прифатија, односно одобрија спорниот документ за присоединување на Крим кон Русија.

Вршителот на должност министер за надворешни работи на Украина, Андреј Дештица кој присуствуваше на Генералното собрание, им се заблагодари на сите кои го поддржаа територијалниот интегритет на земјата.