Американското Федерално биро за истраги (FBI) и Националниот институт за здравство започнале заедничка кампања за откривање на научниците кои крадат резултати од биомедицински истражувањата во полза на трети земји.
За ова пишува во понеделникот весникот The New York Times, истакнувајќи притоа дека „речиси сите“ кои се осомничени за пренесување на ваквите информации, се доселеници од Кина.
Истрагите за 180 случаи на можна кражба на интелектуална сопственост, според весникот, се водат во 71 научно-истражувачаја организација, вклучувајќи ги и најпрестижните американски медицински центри.
Истрагите започнале откако Националниот институт за здавство, врз основа на информациите добиени од FBI, кои во текот на минатата година испратиле 18.000 писма до лица кои го надгледуваат спроведувањето на условите за добивање грантови за научните истражувања. Во овие дописи, според The New York Times, имало повиции за претпазливост.
Во моментов, според весникот, Националниот институт за здавство идентификувал 24 случаи на можни незаконски активности. Тие му се предадени на Министерството за здравство и социјални служби, кои од своја страна може овие информации да ги предаде на правосудните органи за покренување кривични постапки.
„Се добива впечатокот дека тоа е проширено на сите аспекти од биомедицинските истражувања“, го цитира весникот заменикот директор на одделот за експериментални истражува на Институтот, Мајкл Лауер.
Овие истраги, се истакнува во текстот на The New York Times, „само ги подгреаја стравувањата дека Кина ќе ја искористи отвореноста на американската научна заедница за вршење економска шпионажа со големи димензии“. Истовремено, обемот на истрагите станале „шок“ за многу истражувачи кои сметаат дека кинеските дошле во центарот на вниманието на безбедносните агенции во ситуација кога меѓу Вашингтон и Пекинг се засилува геополитичката конфронтација.
Националниот институт за здравсто е најголемата владина агенција во Соединетите држави која се занимава со биомедицински истражувања и други истражувања во сферата на здравството. Во нејзиниот состав влегуваат 27 истражувачки ценри и институти во кои работата повеќе од 6.000 исттражувачи, а располага со годишен буџет од 39 милијарди долари.