САД тврдат дека не знаеле за планираниот напад на Хамас врз Израел

(AP Photo/Yousef Masoud)

Американската администрација не била информирана за тоа дали Хамас планира напад врз Изаел на 7. октомври, изјави во неделата портпаролот на Белата куќа за национала безбедност, Џон Кирби.

„Нашата разузнавачка заедница рече дека тоа го прегледале и дека во овој момент ништо не укажува на тоа дека имало какви и да се предупредувања во овој документ или какво и да е созанение за него“, рече Кирби за американската телевизиска мрежа NBC News.

Коментарот на Кирби следеше откако влијателниот дневен весник The New York Times објави напис во кој се открива дека Израел примил информација за потенцијален напад од страна на милитантното движење Хамас повеќе од една година пред нападот на 7. октомври.

Според The New York Times, изралеските власти разменувале документ на 40 страници со коден назив „Ерихонски ѕид“ во кој бил изложен борбениот напад на Хамас. Планот, наводно, многу наликувал на нападот од 7. октомври.

Според извештајот на весникот, нацртот веќе дошол во посед на израелските власти повеќе од една година пред нападот, а потоа бил проследен во воените и во разузнавачките кругови. На крајот, меѓутоа, безбедносните експерти го отфрлиле како преамбициозен и претежок за Хамас да може да го спроведе.