САД уапсија пет кинески офицери за сајбер шпионажа

Министерството за правда на САД обвини пет офицери од кинеската војска за „информатичка пиратерија“ и „економска шпионажа“ со која се оштетени шест американски компании.

Тоа е првпат службеници од некоја странска држава  обвинети за ваква кражба на податоци, изјавил вчера министерот за правда на САД Ерик Холдер – пренесуваат медиумите.

Обвинението го покренало обвинителството во Пенсинвалнија, а се однесува на шпиунажа во периодот меѓу 2006 и 2014 година „извршена од припадници на третиот одред на Народноослободителната армија (на Кина) “.

Офицерите се обвинети дека краделе тајни податоци од американските компании специјализирани за нуклеарна и соларна енергија, како и металургија.

Меѓу тие компании се и Вестингхаус, УС Стил, Алегхени технолоџис, Алкоа како и филијалите на компанијата Солар Ворлд.

„Размерот на деловните и другите доверливи информации украдени во оваа афера е многу голема и бара агресивен одговор“ – рекол Холдер.

Тој додал и кажал  дека трговскиот успех треба да се заснова на способноста за иновација, а не на способноста „државата да шпионира и да ги краде трговските тајни“ на другите.

„Владата на САД нема да толерира акции од ниедна држава која се обидува илегално да ги саботира американските компании и интегритетот на рамноправна конкуренција на пазарот“ рекол  министерот за правда на САД Ерик Холдер.