Американските воздухопловни сили спровеле успешни тестирања на ткн „гравитациона“ нуклеарна бомба од типот В61-12, пренесе во четвртокот порталот Military.com.
„Веќе имаме спроведено 26 инженерски, дебажирања и летечки тестирања. Програмата оди многу добро“, изјави заменикот началникот на штабот за стратешко воздржување и интеграција на нуклеарните вооружувања, генералот Џек Вајнштајн.
Модернизирањето на бомбата треба да доведе до трипати поголема прецизност отколку кај нејзините претходници B61-3, B61-4, B61-7 и B61-10.
Американскиот генерал притоа не прецизира кои типови авиони биле користени во тестовите. Според порталот, новото оружје треба да биде компатибилно со платформите на повеќенаменскиот ловец од петтата генерација „ F-35 Lightning II“. Се очекува дека првиот контингент од овој вид атомска бомба ќе стапи во вооружувањето до 2020 година.
САД планираат овој вид авионска бомба да го распоредат во воените бази во Европа, во Германија, Италија, Турција, Белгија и Холандија. Според бужетскиот комитет при Конгресот за 30-годишниот период, од 2017 до 2047 година модернизацијата на тактичките нуклеарни сили ќе ги чини САД 25 милијарди долари.
Националната агенција за нуклеарна безбедност на министерството за енергетика на САД заедно со воздухопловните сили на земјата на почетокот од август минатата 2017 година спровело две тестрирања на модификацијата на нуклеарната бомба во сојузната држава Невада. Бомбата, којашто не била опремена со боева глава, била фрлена од борбен авион од типот „F-15E“. Во текот на испитувањето била оценувана ненуклеарната функција на бомбата, а исто така и способноста на авионот да носи и испорачува вакви бомби.
Кон средината на март лани американски воздухопловни сили ја тестираа неполната модификација на термонуклеарната бомба со ознаката B61-12 којашто бeше тогаш испуштена од ловец од типот „F-16“ на полигонот Нелис на воздухопловната база „Робинс“, во сојузната држава Невада.
Според податоците од службата за односи со јавноста на базата „Кертленд“, на 15-ти март 2017 година била тестирана бомбата B61-12 без нуклеарна боева глава, којашто била испуштена на полигонот Нелис од ловецот-бомбардер од типот „F-16“. Тестирањето било извршено во рамките на програмата за модификација на бомбата B61 преку нејзино модернизирање на нуклеарните и ненуклеарните компоненти со истовремено подобрување на нејзината сигурност и сигурноста на нејзиниот систем за безбедност. Тогаш беше изведно првото тестирање на B61-12 со користење на авион од типот „F-16C“.
Бомбата B61-12 ја обезбедува борбената способност на воздушната компонента на стратешката нуклеарна тријада на САД, како и иднината на бомбардерите и авијацијата со двојна намена коишто ги поддржуваат операциите на НАТО. Бомбата B61-12 се модифицира за да може да биде користена од уредите во авионите од типовите „B-2A“, „B-21“, „F-15E“, „F-16C/D“, „F-16 MLU“, „F-35“ и „PA-200“.
Тестирањата на најновата, дванаесетта модификација на бомбата B61, започнаа во 2015 година кога беа извршени три пробни испуштања без атомско полнење, а на 20-ти октомври 2016 година на полигонот Тонопа беше употребен авионот од типот „F-15E“.
Нејзина карактеристика е задниот дел кој го прави проектилот податлив за управување со голема прецизност и овозможува да биде исфрлена од поголема височина. Таа ќе биде различна од својата претходна верзија бидејќи е изоставен падобранот, а споменатиот заден дел ќе биде опремен со интерен систем за наведување за подобрување на прецизноста.
Сериското производство на B61-12, чијашто основна модификација ќе ги чини САД 7,605 милијарди долари, би требало да започне во март 2020 година. Се претпоставува дека бомбата ќе ја замени претходната модификација во базите во Европа до крајот на 2030-те години.
Бомбата В61 е главното нуклеарно оружје на стратешките нуклеарни сили на САД. Претставува модификација на нуклеарната боева глава развивана кон крајот на 1960-те години. Должината на бомбата изнесува 3,58 метри, а тежинаа од 320 до 500 килограми.