Американската потпретседателка Камала Харис во саботата вети пакет помош од 1,5 милијарди долари за Украина, наменет главно за енергетскиот сектор на земјата, јавува BBC.
Финансирањето, објавено на мировниот самит во Украина во Швајцарија, ќе помогне да се поправи инфраструктурата оштетена од руските бомбардирања.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека половина од капацитетот за производство на електрична енергија во земјата е уништен во војната. Тој ги повика западните земји да обезбедат поголема воздушна одбрана за Украина за заштита на енергетската инфраструктура и урбаните центри.
Руските напади врз електричната мрежа ги принудија енергетските компании во Украина да воведат континуиран повеќечасовен прекине на струјата.
Пакетот на УСАИД и Стејт департментот вклучува 500 милиони долари нови пари за енергетска помош и 324 милиони долари пренасочени за итни енергетски потреби, се вели во соопштението на Белата куќа.
„Овие напори ќе ѝ помогнат на Украина да одговори на најновите руски напади врз енергетската инфраструктура со поддршка на поправка и обновување, подобрување на отпорноста на Украина на енергетски прекини и поставување на основата за поправка и проширување на енергетскиот систем на Украина“, се додава во соопштенито.
Дополнителни 369 милиони американски долари се ветени како хуманитарна помош за раселените лица и заедниците погодени од конфликти. Планирано е да се испратат и дополнителни 300 милиони долари за обезбедување опрема за полицијата и граничните сили.
Од почетокот на војната, САД потрошиле повеќе од 3,2 милиони долари за хуманитарна помош за Украина и речиси 1,5 милијарди долари за енергетскиот сектор, се додава во соопштението.
Потпретседателката Харис присуствува на самитот во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток. На самитот се разговара за основните принципи за ставање крај на војната во Украина во отсуство на американкиот претседател Џо Бајден.
Со оглед на тоа што Русија не е поканета, а на поканите не регираа клучните глобални играчи како Кина, чиј лански предлог за примирје што беше прифатлив за Москва а зборуваше за круцијалното прашање за територијалниот интегритет и суверинеите на Украина беше мазно одбиен од Киев и неговите западни сојузници предводени од САД, има многу мали шанси за некаков напредок на самитот.