САД вложија вето на резолуцијата на ОН за Израел и Газа

Соединетите држави во средата вложија вето на резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации со којашто се бараше прекин на судирите меѓу Израел и палестинското движење Хамас, за да се овозможи испораката на хуманитарна помош за населението во палестинската енклава Појасот Газа којашто повеќе од деценија е под израелска блокада, уште повеќе засилена со прекин на струја, вода и горива по исламистичкиот напад од 7-ми октомври во јужните израелски градови.

Дванаесет земји членки на Советот за безбедност при ОН гласаа за нацрт-резолуцијата поднесена од Бразил откако претходно седмицата ја отфрлија руската, а Русија чии амандмани на бразилскиот предлог беа отфрлени и Велика Британија овојпат беа воздржани. САД, традиционално, вложуваат вето на секој потег на Советот за безбедност при ОН, штитејќи го својот сојузник Израел.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во средата повика на итен прекин на огнот за да бидат ослободени заложниците и да се испорача хуманитарната помош во Газа.

Во бразилската нацрт-резолуција се повикуваше Израел, иако не беше изрично спомената еврејската држаа, да ги повлече повиците за цивилите и персоналот на ОН да се повлечат на југот од палестинската енклава и се осудуваа „тероризмот“ на Хамас.

Резолуцијата, покрај тоа, ги осудува секое насилство и непријателство кон цивилите, како и сите терористички злосторства и повика на моментално и безусловно ослободување на сите заложници.

Истовремено во средата во Советот за безбедност на ОН беа одбиени амандманите на бразилскиот нацрт-резолуција за ситуацијата во Израл и Појасот Газа, одбивајќи, меѓу другото, во текстот да биде вклучена и осуда за ракетниот напад врз болницата „Ал Ахли“ во вторникот вечерта во Газа при што загинаа неколку стотици цивили, според палестинските извори.

Со рускиот амандман, исто така, се бараше во името на Советот за безбедност при ОН да се осуди наметнувањето целосна блокада на палестинската енклава.

Вториот руски амандман предлагаше да се додаде посебна клаузула во бразилскиот текс „Советот за безбедност повикува на итен, одржлив и целосно почитуван прекин на огнот“.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, ветото на САД на разолуцијата понудена од Бразил го нарече „лицемерие“. Истакна дека Вашингтон не бил заинтересиран за каква и да е резолуција уште од самиот почеток, но се надевал дека ќе има доволно гласови против, но откако тоа не се случило тоа САД морале самите да ја блокираат резолуцијата. Неговиот заменик Дмитриј Полјански, пак, истакна дека блокирањето на резолуцијата е „огромен надворешнополитички неуспех на САД во обидот да се претстават како миротворци“.

Кинескиот амбасадор во ОН, Џанг Јун, од своја страна изјави дека е „шокиран“ од неприфаќањето на резолуцијата предложена од Бразил. Рече дека Кина, исто така, е разочарана што Советот за безбедност не ги прифатил ниту руските амандмани во документот.