Американската кошаркарска селекција ноќта кон понеделникот во Лас Вегас во последниот подготвителен натпревар пред почетокот на Олимписките игри во Токио ги совладаа актуелните светски праци Шпанците со 83:76.
Најефикасен кај Американците беше Демиен Лилард со 19 коша. Бекот на Сан Антониот Спарс, Келдон Џонсон, кој влезе во репрезентацијата на местото на Бедли Бил, додаде 15 а Кевин Дјурант 14 поени. Шпанците ги предводеше Рики Рубио со 23 поени.
Во четирити подготвителни натпревари најновиот американски „Дрим тим“ составен од ограчи од најсилната лига на светот, забележа два пораза – од Нигерија со 87:90 и од Австралија со 83:91, а ги победија Аргентина 100:80 и Шпанија 83:76.
Поради бројните откажувања на главните ѕвезди, селекцијата на САД на Олимиските игри во Токио ќе игра во групата со Франција, Иран и Чешка.