
Американските власти покажиаа подготвеност да се пресметаат со расизмот чија цел се припадниците на азиската заедница, по првопролевањата во трите салон за масажа во и близу главниот град на сојузната држава Џорија, но за кој мотивите сѐ уште не се разјаснети.
„Конгресот ве гледа, солидарен е и ќе стори сѐ што е во негова моќ за да ве заштити“, изјави Стивн Коен од Демократската партија на сослушувањето во Претставничкиот дом на Конгресот посветено на антиазиското насилство.
Американскиот претседател Џо Бајден ноќта кон петокот по средноевропско време требаше да пристигне во Атланта каде што пред јавноста ќе го изложи својот план за економско заздравување, а претходно изјави дека таа прилика попрво ќе ја искористи да „разговара со водачите на азиската заедница“ за заканите на кои се изложени нејзините членови.
Осудувајќи го „безумното насилство“ Бајден нареди знамињата да се симнат на половина копје до понеделник во спомен на осумте жртви од вооружениот напад, меѓу кои се шест жени со азиско потекло. Нив во вторникот вечерта во Атланта и околината ги уби 21-годишно бело момче, но мотивите засега не се јасни.
Роберт Аарон Лонг, кој беше уапсен набрзо по масакрот во трите азиски салони за масажа, обвинет е за убиство. Судијата требаше службено да го запознае со точките од обвинението, но тој одби да се појави на расправата.
На првичните сослушување го признал делото, но рекол дека расизмот не бил мотивот. За себе рекол дека е „опседнат од секс“, но дека сака да се спротистави на „напаста“.
Иследниците, сепак, оценуваат дека сѐ уште е прерано за целосно да биде исклучена можноста од расистички мотиви за нападот.
Американците од азиско потекло, пак, се вознемирени и за нив нема дилеми дека нападот е поврзан со непријателското расположение на коешто наводно се цл од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во Кина на крајот од 2019 година.