Вашингтон има намера да остави во Сирија меѓу 500 и 600 американски војници, рече челникот на Комитетот на начницитег на генералштабовите на вооружените сили на САД, генералот Марк Мили, во интервју за телевизиската мрежа ABC News емитувано во неделата.
Одговараварајќи на прашањето дали е точно дека повеќе од 700 американски војници ќе останат во Сирија, генералот одовори дека „ќе ги има помалку од илјада, тоае сигурно“.
„Веројатно околу 500, со тоа што можеби ќе бидат 600. Околу оваа бројка. Нема да ја објавиме точната бројка, бидејќи сѐ уште не ја завршивме анализата“, рече Мили.
Бројот на американските трупи кои беа распоредени во Сирија, поради разбирливи безбедносни причини, како и поради постојаните ротации, никогаш не беше прецизно соопштени. Се претпоставуваше дека на сириското боиште престојувале меѓу 1.500 до најмногу 2.500 војници.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец најави повлекување на американските војници од североисточна Сирија, во фонот на турската офанзива против курските сојузници на Вашгинтон, што предизвика остри критики. Сепак, подоцна порача дека ќе ги засили американските трупи на нафтените наоѓалишта на истокот од Сирија и ќе им помагаат на локалните Курди да ги контролираат.