САД ставија на резолуцијата во Советот за безбедност при Обединетите нации предложена од Обединетите Арапски Емирати а коавтори се 97 земји членки, со којашто се повикува на „моментален прекин на огнот“ во Појасот Газа и покрај инсистирањето од генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш кој го осуди „колективното казнување“ на палестинскиот народ од страна на Израел.
Нацрт-резолуцијата ноќта кон саботата доби 13 гласови „за“, еден воздржан – од Велика Британија и еден против, всушност вложеното вето од САД.
Во нацрт-резолуцијата укажувајќи на „катастрофалната сутуација во Појасот Газа“ се наведуваше дека Советот за безбедност на ОН „бара неодложен хуманитарен прекин на огнот“. Во документот, исто така, се повикува на „итно и безусловно“ ослободување на сите заложници и обезбедување хуманитарен пристап.
Според нацрт-резолуцијата, Советот за безбедност го повторува своето барање сите страни да ги исполнат своите обврски според меѓународното право, особено во однос на заштитата на цивилите. Дополнително, во документот се изразува „длабока загриженост за катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа и страдањата на палестинското цивилно население“.
САД, сојузници и покровители на Израел, го повторија во петокот противењето на прекинот на огнот. Ова не е првпат САД да стават вето на резолуција со која би се блокирале воените планови на Израел во палестинската енклава. Вашингтон ја блокираше нацрт-резолуцијата на Бразил на 18-ти октомври. Тој документ, меѓу другото, го повикуваше Израел да ја повлече наредбата жителите на Газа да се преселат на југ од енклавата. Потоа, САД ја објаснија својата постапка со недостигот од спомнување на правото на Израел на самоодбрана.
„Не ги поддржуваме повиците на моментален прекин на огнот. Тоа само би го посеало семето за идна војна, бидејќи Хамас нема желба за траен мир“, изјави американскиот претставник Роберт Вуд и го осуди изостанувањето на нападити на Хамс во јужен Израел од 7-ми октомври што го нарече „морален неуспех“
Израелскиот амбасадор при ОН, Гилад Ердан изјави дека „вистинскиот пат до мирот е само поддршка за израелската мисија, а никако повик на прекин на огнот“.
Првиот заменик на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Полјански, веднаш по гласањето за новинарите во Њујорк ја критикуваше позицијата на САД.
„Нема да биде претерано да се каже дека денес е еден од најтемните денови во историјата на Блискиот исток. Уште еднаш, цинично блокирајќи го повикот за прекин на огнот во палестинско-израелската зона на конфликт, нашите колеги од Соединетите држави , пред нашите очи, им изрекоа смртна пресуда на уште илјадници, ако не и десетици илјади цивили во Палестина и Израел, вклучувајќи жени и деца, како и службеници на ОН кои се обидуваат да им помогнат“, истакна Полјански.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претходно рече дека „безрезервно ги осудува“ нападите на Хамас од 7-ми октомври, но дека „наслството што го сторил Хамас на ниеден начин не може да го оправда колективнот казнување на палестинскиот народ“ од страна на Израел.
ОАЕ ја претставија нацрт-резолуција во средата откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара Советот за безбедност да спречи хуманитарна катастрофа во Појасот Газа и, исто така, повика на итен прекин на огнот.
Во исто време, Гутереш испрати писмо до претседателот на Советот за безбедност на ОН во согласност со членот 99 од Повелбата на ОН. Во дописот се вели: „Генералниот секретар има право да го извести Советот за безбедност за секое прашање што според него може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност“. Како што објасни портпаролот на генералниот секретар Стефан Дужарик, Гутереш првпат го користел овој член од клучниот оснивачки акт на светската организација.