САД воведоа санкции против бугарски граѓани и компании

© Depositphotos / teamtime

Соединетите држави воведоа санкции против тројца бугарски државјани и 64 компании поврзани со нив според Глобалниот акт Магнитски, соопшти во средата американското министерство за финансии.

На списокот на санкционираните се наоѓаат бизнисменот и олигарх Васил Божков, поранешниот член на бугарскиот парламент Делјан Пееврски, како и поранешниот замени на шефот на државната агенција за технички операции (ДАТО) Илко Желјазков. Санкциите се воведени според „Глобалниот акт за човековите права Магнитски“, кој првенствено се однесува на кршењето на човековите права, но како што се појаснува во соопштението на американското министерство за финансии, бугарските државјани се ставени под санкции поради нивна инволвираност во „сериозна корупција“. Поради тоа санкционирани се и шеесеттината компании кои се поврзани со тројцата споменати.

Тројцата и 64-те компании се санкционирани според Указот 138181, која го надополнува ткн „закон Магнитски“ со корупција во целиот свет. Санкциите се совпаѓаат со соодветсните дејства кои ги презема американскиот Стејт депармент за разоткривање на активностите во странство и поврзни со нив користење на буџетски средства и инволиврано во широка корупција на Пеевски и Желјазков.

„Владата на САД ќе продолжи суштински да ги санкционира вклучените во корупција и ќе работи на заштитата на флобалниот финансиски систем од злоупотреби“, се предупредува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека Божков постојано подмитувал владини службеници меѓу кои и „актуелен политички лидер“, како и поранешниот шеф на сега затворената Државна комисија за хазардни и игри на среќа. Претходно годинава олигархот, исто така, наводно планирал исплата на пари на поранешен функционер и политичар во Бугарија за да помогнат да се создаде канал преку кој руските политички челници ќе можеле да влијаат врз бугарските владини службеници. Божков во моментов во Дубаи, избегнувајќи ја постапката за екстрадиција во Бугарија каде во 2020 година против него се подигнати бројни обвиненија, вклучително и за „водење организирана криминална грипа, изнуди, обиди за поткуп на службено лице и затојување плаќање данок“.

Васил Божков „Черепот“ е најбогатиот Бугарин кој сега изјавува дека бил жртва на рекет на досегашмата власт, а се обиде да основа политичка партија „Граѓанска платформа Бугарско лето“ чија регистрација беше забавена од судот, па на изборите во 2021 година за мандати се натпреваруваше на листата на Бугарско национално обединување кое со 3 отсто од гласовите не го мина изборниот праг. Се смета како еден од главните финансиери на ланските притести во Софија, а по изборите обвинителството соопшти дека активистите на партијата се наводно вмешани во шемата за купување гласови.

Пеевски и Жалјасков, кој беше и поранешен соработник на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) и втор човек во агенцијата за контрола на разузнавањето во 2018 година, се обвинети дека направиле шема за земање мито со влијаени врз издавање документи за престој во Бугарија за странски државјани, како и поткуп на државни службеници во замена за информации и лојалност. Желјазков е обвинет и дека на високопозицинирани владини лица им нудел мито за добвање информации кои требало да му бидат пренесени на Пеевски.

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов своевремено го опиша Пеевски како неприкосновен медиумски магнат, со контрола на повеќе од 20 весници, приватен ТВ канал и информативни веб-страници. Во 2013 година тој беше назначен од коалициската влада БСП-ДПС за шеф на Државната агенција за национална безбедност. Но поднесе оставка од таа функција по само еден ден, во време на масовни протести против неговото именување.