САД возвратија на нападот во кој беа ранети тројца американски војници во Ирак

Американската војска извршила воздушни напади во Ирак во понеделникот како одговор на нападот со беспилотно летало на шиитските милитанти врз американска воена база, во кој тројца американски војници беа ранети а еден во критична состојба, соопштија официјални лица.

Инцидентот е последниот во низата кои покажуваат како конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас се шири низ Блискиот исток, создавајќи превирања поради коишто американските војници во базите на окупираните територии во Ирак и во Сирија сѐ почесто стануваат цели на напади.

Групите на шиитското мнозинство во Ирак и на алевитската (шииитска) заедница во соседна Сирија, кои оддржуваат тесни врски со Иран, се противат на американското воено присуство на териториите н нивните земји како и на воените операции на Израел во палестинските енклави Појасот Газа и Западниот брег, за што ги сметаат одговорни делумно и САД како главен сојузник кој сеоја година издвјува големи средства за вооружување на израечската армија.

„По наредба на претседателот Џо Бајден, американската војска изврши напади во Ирак во 2.45 часот по средноевропско време, веројатно убивајќи голем број милитанти на Катаиб Хезболах и уништувајќи повеќе објекти што ги користела групата“, соопшти американската војска.

„Овие напади имаат цел да ги повикаат на одговорност оние елементи директно одговорни за нападите врз коалициските сили во Ирак и Сирија и да ја намалат нивната способност да продолжат со нападите. Ние секогаш ќе ги штитиме нашите сили“, рече генерал Мајкл Ерик Курила, шеф на Централната команда на САД.

Американската база во Ербил, Ирачки Курдистан, претходно во понеделникот беше нападната од еднонасочно беспилотно летало, што доведе до најновите американски жртви. Базата беше цел на неколку напади. Агенцијата Reuters извести за уште еден значаен напад со беспилотно летало во октомври врз американска база во Ербил на 26-ти октомври, кога дрон ја проби противвоздушната одбрана, но немаше детонација.

Американските трупи се нападнати најмалку 50 пати во Ирак и во Сирија од почетокот на војната во Газа. Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.