САД врбувале џихадисти за терористички напади во Русија и земјите на ЗНД, објави Москва

Американските разузнавачки агенции регрутирале 60 екстремни исламистички милитанти во Сирија во јануари годинава, со план да бидат префрлени во Русија и другите земји од Заедницата на независни држави (ЗНД, соседите земји по распадот на СССР) за изведуваат терористички акти, соопшти во понеделникот руската Служба за надворешно разузнавање (СВР).

„Според веродостојни информации кои дојдоа до СВР, американската војска активно врбува милитанти од редовите на џихадистичките групи поврзани со Исламската држава и Ал Каеда за вршење терористички напади во Русија и земјите од ЗНД“, се истакнува во соопштението на руското разузнавање кое го цитира агенцијата РИА.

Според руското СВР, американските служби особено внимание посветуваат на соработката со џихадисти од земјите во Централна Азија и севернокавкастките региони на Русија. Терористите коишто имаат искуство во војните на Блискиот исток, во моментов забрзано се обучуваат за изведување терористички акции на руска територија во американската база во ал-Танф во северна Сирија.

„Таму милитантите се обучуваат за изработување и користење импровизирани експлозивни направи, како и методи за изведување диверзантско-субверзивни активности. Особено внимание се посветува на планирање напади врз добри обезбедуваните објекти со стратешко значење, вклучително и странските дипломатски претставништва“, се додава во предупредувањето на руското разузнавање.

Во руското СВР, исто така, имале сознанија дека САД планираат во скоро време да ги префрлуваат терористите во Русија и другите земји до ЗНД во помали групи. Задачата ќе бидат напади врз дипломати, државни службеници, службеници за спроведување на законот и врз војници и воени објекти.

Истовремено, според плановите на американската војска и тајни служби, милитантите ќе организираат напади синхронизирани со оние на притаените меѓународни терористички џихадистички групи, меѓу кои Хизб ут-Тахрир, Џамаат Ансарула и Исламското движење на Узбекистан.

„Очигледни е конечното губење на секакви морални принципи во безбедносните структури на САД. Опседнати со налудничавата идеја за ‘крварење’ на Русија, стратезите во Вашингтон сметаат дека е дозволиво да се користат терористите за нивните валкани цели“, коментираат од Москва.

Руското разузнавање истакнува во објавата за јавноста дека „со ваквите акции на САД на исто рамниште со најголемите меѓународни терористички групи“.

Истовремено во понеделникот, чеченскиот водач Рамзан Кадиров на својот Telegram канал објави дека имало обид за труење на командантот на чеченските специјални сили „Ахмат“ кои дејствуваат во борбените дејства во Украина, Апти Алаудинов. Според Кадиров, инцидентот се случил на 8-ми февруари кога аѓутантот на Алаудинов добил коверт натопен со отровна материја адресиран на името на генералот. Еден од блиските луѓе на Алаудинов, кој бил професионален токсиколог, брзи реагирал и биле веднаш преземени мерки за детоксикација со што биле избегнати сериозни здравствени последици.

Полесно настраданите, додава Кадиров, се згрижени во московска клиника на превентивни испитувања.

„Стручњаците ја анализираат и идентификуваат отровната материја, а паралелни во тек е истрага за обидот за атентатот и разоткривање на инволвираните. Веќе има резултати“, наведува Кадиров.