Барак Обама издал наредба за забрана за извоз на стоки, технологија или услуги со Крим.
Американскиот претседател го овластил и Министерството за финансии за воведување санкции против поединци и компании кои работат во регионот.
Со овој чекор воедно Обама ја повика Русија да ја прекине својата анексија врз регионот.
Европската унија воведе слични санкции, а и Канада синоќа соопшти дека воведува санкции против Крим.