Соединетите држави се загрижени дека вооружување меѓу Русија и Северна Кореја активно напредува, изјави на брифингот во средата Џон Кирби, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност.
Кирби тврдеше дека рускиот минситер за одбрана Сергеј Шојгу при неодамнешниот престој на државниот празник во Северна Кореја наводно дошол да го убеди Пјонгјанг на Руѕсија да ѝ продаде артилериска муниција, но вообичаено за тоа не изнесе никакви докази.
Кирби рече и дека рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун размениле писма, што минатата седмица јавно го објавија и Москва и Пјонгјанг, во кои како што беше објавено ветиле јакнење на билатралната соработка. Криби во врска со тоа тврди дека САД имаат разузнавачки податоци кои упатувале дека уште една група руски функционери патувала во Пјонгјанг по посетата на Шојгу.
Советникот на Белата куќа, исто така, тврди дека според договорите Русија би добила оружје коешто планира да го употреби во војната во Украина, но не прецизираше за какво вооружување станува збор.
Договорите, исто така, „би можеле да вклучуваат и сировини кои би ѝ помогнале на руската одбранбена индустриска зона“, рече Кирби повторно да посочи за кои сировини се работи.
Кирби поентираше дека таквите договори за вооружување меѓу Русија и Северна Кореја би ги прекршиле резолуциите на Советот за безбедност при Обединетите нации.
„Ја повикуваме Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја) да ги запре своите преговори со Русија и да се придржува на јавно дадените ветувања на Пјонгјанг дека нема да Русија да ѝ продава оружје“, рече Кирби иако таква изјава севернокорејскиот авторитарен челник нукогаш не дал.