САД започнаа одмазднички напади во Ирак и Сирија

САД почнаа со одмазднички напади во Ирак и Сирија во петокот, соопштија за Reuters тројца американски функционери, по смртоносниот напад врз американска база во Јордан во кој загинаа тројца а беа ранети 40 американски војници.

Официјалните лица, кои сакале да останат анонимни, рекле дека цели биле локации во Ирак и Сирија наводно поврзани со Корпусот на иранската револуционерна гарда (IRCG) и милициите поддржани од Иран.

Сириските државни медиуми објавија дека „американската агресија“ на локации во сириските пустински области и на сириската и на иранската граница резултирала со жртви и повредени.

Како резултат на американските напади на границата на Сирија и Ирак, загинаа неколку лица, пренесува локалната мрежа Al Akhbar на својот Telegram канал.

„Неколку луѓе беа убиени, а некои беа ранети за време на американската агресија врз голем број позиции во пустината (во Сирија) и на сириско-ирачката граница“, се вели во објавата.

Претходно, сириски извори објавија дека нападот е изведен со беспилотните летала кои цвелеле позиции на силите на сојузници на сириската армија во провинцијата Деир ез-Зор. Беспилотните летала најверојатно биле лансирани од американската база на нафтеното поле Омар, исто така, во провинцијата Деир ез-Зор. Освен тоа, се додава, борбени авиони ги нападнале сојузничките сили на Дамаск кај Аин Али во истата провинција.

Истовремено, како што јавуваат сириските медиуми, по ракетниот напад избувнал пожар во американската база на гасното поле Конико во источна Сирија, но засега не е позната прочината за овој инцидент.

Според Централната команда на САД, американските трупи погодиле повеќе од 85 цели, вклучувајќи ги позиции на IRCG и сојузничките шиитски милиции. Претседателот Џо Бајден вети дека ќе продолжи со гранатирањето како одговор на нападите врз неговите сили во регионот. Од своја страна, шефот на Пентагон, Лојд Остин се закани дека „ова е само почеток“.

Еден ден претходно, американската телевизиска мража CBS News, повикувајќи се на владини извори, објави дека американските власти одобриле план за напад на ирански воени цели во Ирак и Сирија. Според магазинот Politico, Пентагон разгледувал неколку опции: напади врз иранската морнарица во Персискиот залив или врз ирански воени цели во Ирак или Сирија.

Иако американските напади не беа насочени кон цели во Иран, многу е веројатно дека ќе доведат до зголемување на тензиите на Блискиот исток предизвикани од израелската војна против Хамас во Газа, која трае повеќе од три месеца.

Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.