САД започнаа со нови санкции против Куба

Соединетите држави воведоа финансиски санкции против кубанскиот министер за одбрана Алваро Лопез Миера и против специјалната единица на министерството за внатрешни работи поради наводната „репресија“ во текот на неодмашните „мирни и продемократски демонстранти“, на Куба и се заканија со нови казнени мерки.

„Ова е само почетокот. САД ќе продолжат да ги санкционираат одговорните за репресија над кубанскиот народ“, предупреди американскиот претседател Џо Бајден во писмената изјава и „недвосмиселно се осудуваат масовните апсење и лажните судења на оние кои ќе се осмелат да прозборат“.

Бајден вети дека ќе продолжи со притисоците врз владата во Хавана „веднаш да ги ослободи неправедно затворените политички затвореници, да го врати пристапот до интернетот и да им овозможи на Кубанците да ги корстат своите темелни права“.

„Кубанскиот народ ги бара своите основни и универзални права кои нивната влада мора да им ги гарантира“, соопшто американската минситерка за финансии Џенет Јелен и најави дека Вашингтон и натаму ќе ги применува против Куба за да ја поддржи „потрагата по демократија“.

Првите масовни протести по многу децении избувнаа на 11-ти јули во десетина општини на Куба. Барањата на демонстрантите со паролите „Гладни сме“ и „Долу диктатурата“ и вклучуваа барања за „слободни избори“ и решавање на социјалните проблеми во карипската земја чија економија е руинирана со повеќе од седумдецениските санкции од САД и нивните сојузници.

На повик на владата, истовремено на улиците на кубанските градови излегоа и приврзаниците на владејачката комунистичка партија. Кубанските власти ги обвинија САД дека стојат зад протестите, додека Вашингтон негираше.

Американската администрација предупреди дека протестите на Куба ќе влијаат на натамошната политика на САД кон оваа земја. Покрај санцкиите, претседателот Џо Бајден потврди дека се разгледува дозволување на трансфери на пари на поединци на Куба и вети дека ќе го зголеми персоналот во американската амбасада во Хавана за на „Кубанците да им се даваат конзуларни услуги“, што би можело да резултира со американски визи за оние кои сакаат да ја напуштат земјата.