САД знаеле дека наркобосот Ел Чапо го подмитил поранешниот мексикански претседател со 100 милиони долари

Сведок на судењето на Жоакин Ел Чапо Гузман во САД изјавил во вторникот дека на американските власти претходно им кажал дека обвинетиот нарко барон му платил 100 милиони долари мито на поренешниот мексикански претседател Енрике Пена Нието.

Алекс Куфиентес, долгогодишен близок соработник на Гузман, го изјавил ова во текот на вкрстеното испрашување од еден од адвокатите на мексиканкиот нарко-бос пред сојузниот суд во Бруклин. Запрашан дали на американските власти уште во 2016 година има рекол дека Гузман го подмитил поранешниот претседател на Мексико, одговорил „Тоа е точно“, пренесува Reuters.

Енрика Пена Нието беше мексикански претседател од декември 2012 до ноември 2018 година. Претходно беше гувернер на мексиканската сојузна држава којашто ја опфаќа областа на главниот град Сиудад де Мехико.

И други сведотиц на судењето наведуваа подмитувања на највисоките нивоа на мексиканските власти. Жезус Замбада, кој исто така бил член на картелот на Гузман, сведочеше ланскиот ноември дека во 2005 година дел повеќе милиони долари мити на соработник на актуелниот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез.

Шеесет и едногодишниот Гузман од ноември минатата година е изведен пред судот. Во 2017-та дој беше екстрадиран во САД каде што се товарио дека како водач на картелот Синалоа криумчарел коакин, хероин и други дроги на американска територија во износи до десетици милијарди долари.

Мексиканскиот наркобарон Хоакин Гузман Лоер, познат и како „Ел Чапо“ (Кусиот) поради неговата височина од само 152 сантиметри, водач на наркокартелот Синалоа, беше уапсен шест месеци по романескното бегство од затвори со висока безбедност во Алтипплан, каде што повторно беше вратен. Гузман кон средината во јули 2015 година избега по вторпат од затворот со максимално обезбедување. Според очевидци, наркобосот последен пат бил виден во туш кабината во еден од затворските блокови. Сознанијата велат дека осуденикот бегството го извел со помош на наркокартелот Синалоа, една од најголемите злосторнички организации во Мексико.

Лоер беше уапсен и осуден на дваесетгодишна затворска казна уште во 1993 година, Потоа, откако мексиканските власти решија да им го предадат на САД, тој започнал да подготвува бегство од затворот. Гузман тогаш поткупил неколку затворски чувари и на 19-ти јануари 2001 година побегнал, сокривајќи се во комбе кое превезувало валкана облека. Во неговиот план за бегство, како што подоцна откри истрагата, биле вклучени речиси осумдесет луѓе. Тогаш властите понудија награда од 2,3 милиони долари за информација што би овозможила ликвидација на Гузман. Наркобаронот беше уапсен повторно во февруари 2014 година, во еден од хотелите во градот Масатлан во западно Мексико.

Со статусот на легендарен и недофатлив мексикански крал на дрогата, се проценува во моментов на една милијарда американски долари. Ел Чапо неколку години се наоѓаше и на листата на најбогатите и највлијателни личност на светот во рејтинг листата на списанието Forbes. Магазинот го нарече Ел Чапо тие години еден од највлијателните луѓе на планетата, бидејќи го контролирал речиси целиот американски пазар на кокаин, кој тогаш му донел 300 милиони долари. Поради тоа американските власти распишаа награда за негово апсење од 5 милиони долари.

Магазинот Forbes рангирајќи ги личностите според „четири димензии на моќ“: влијание врз други луѓе, контрола на богатства, разновидност на влијанијата и активно користење на моќта во 2009 година Хоакин Ел Чапо Гузман, наркобаронот кој тогаш беше во бегство во зафрлените планини на северот на Мексико, го рангираше како глобално помоќна личност од тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев, од поранешниот француски Николас Саркози и од сега починатиот венецуелски претседател Уго Чавез. На тој список на „најмоќните луѓе на светот”, Гузман беше рангиран на 41 место, две места пред Медведев и дури 15 места повисоко од Саркози, и само четири места подолу на листата од најбараниот терорист Осама бин Ладен, сега ликвидираниот водач на Ал Каеда. Кога во 2007 година 52-годишниот Гузман правеше свадба со 18-годишна убавица, банкетот беше толку добро обезбедуван што армијата не се ни обиде да го приведе младоженецот.